Ѓорѓиевски најави ново светло на Камениот мост, со турска помош ќе го прави „вистински ноќен симбол на Скопје“
- Камениот мост, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје и значајно културно-историско наследство, ќе добие современо декоративно осветлување кое ќе ја истакне неговата архитектура и историска вредност, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
- Турската Општина Есенлер и раководството на Халкбанк АД Скопје, денеска се сретнаа со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски при што беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.
- Со новото осветлување, Камениот мост, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, ќе добие нова естетска димензија и дополнително ќе го збогати ноќниот изглед на градот.