Ѓорѓиевски: Камениот мост, наскоро ќе добие декоративно и архитектонско осветлување
- Во рамки на проектот, на Камениот мост во Скопје ќе бидат поставени ЛЕД-светилки, рефлектори и системи за контрола на осветлувањето, со што, според скопскиот градоначалник, мостот ќе добие нова естетска димензија Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Камениот мост наскоро ќе добие декоративно и архитектонско осветлување.
- Едно од најпрепознатливите обележја на Скопје, Камениот мост, наскоро ќе добие декоративно и архитектонско осветлување, кое ќе ја истакне неговата историска убавина и симболика, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
- Денес остварив протоколарна средба со делегација од турската Општина Есенлер и со раководството на Халкбанк АД Скопје, на која потпишавме Протокол за пријателство и заедничка соработка за имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.