Царинската управа ја продлабочува соработката со СЕЛЕК во борбата против организираниот криминал
- Притоа, тој ја истакна важноста на одличната соработка со СЕЛЕК како клучна во брзото споделување на информации со царинските органи од регионот и зајакнување на безбедноста.
- Директорот Николовски истакна дека еден од приоритетите на македонската царина е откривање на царински измами и спречување на обиди за сериозен криминал, при што од големо значење е зголемување на соработката со царинските органи од Југоисточна Европа преку оперативно споделување на податоци.
- Нашата соработка е фокусирана на сузбивање на недозволена трговија со дрога, царински измами и криумчарење мигранти, при што преку понатамошно интензивирање и продлабочување на партнерството се стремиме кон зајакнување на безбедноста во Југоисточна Европа.