Стапката на смртност кај новороденчиња за неполна деценија е намалена за 87 проценти
- Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот според намалувањето на неонаталната смртност и смртноста кај децата под пет години - се наведува во објавениот глобален извештај за 2025 година на Меѓуагенциската група на ОН за процена на смртноста кај децата.
- Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, рече дека податоците покажуваат дека кога системски се работи, може да се достигнат меѓународните стандарди во намалувањето на неонаталната смртност и смртноста кај децата на возраст под пет години.
- Според извештајот, стапката на смртност кај новороденчиња за неполна деценија е намалена за 87 проценти од 8,1 на 1,1 смртен случај на 1. живородени деца, а стапката на смртност кај деца на возраст под пет години е намалена за 75 проценти од 11,1 на 2,8 на 1.