Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“
- Соговорниците се согласија дека Врело е едно од најуникатните природни богатства, а Сиљановска-Давкова укажа на потребата од негова соодветна заштита и промоција како ретка туристичка атракција.
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело”, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство.
- Според неа, ваквите успешни приказни заслужуваат поголемо внимание, афирмација и поддршка, како пример за истрајност, висока стручност и одговорен однос кон македонските бесценети природни богатства.