Со танцовата претстава „F_AI_LLE“ ќе се отвори Месецот на франкофонијата
- Танцовата претстава „F_AI_LLE“ е истовремено и интерактивна инсталација што го истражува дијалогот помеѓу човечкото тело и вештачката интелигенција.
- Францускиот институт во Скопје и Танц-Фест, Месецот на франкофонијата Танц-Фест ќе го отворат со танцовиот спектакл „F_AI_LLE“ на француската танцова група K. Претставата ќе биде изведена во вторник, 10 март 2026 година, во 20 часот, во Македонскиот народен театар.
- Работилниците се наменети за актери од областа на танцот, млади изведувачи и наставници по француски јазик.