Самит на ЕПП во Брисел – Мицкоски разговараше со европски лидери за клучни прашања
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, каде што се дискутираа клучни прашања за иднината на Европа.
- Со партиска делегација од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вчера присуствуваше и на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП, а претходно се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
- Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас, објави Мицкоски на својот фејсбук профил.