Пратениците изгласаа: Државниот јавен обвинител не може да има двојно државјанство
- Пратениците на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го прифатија амандманот во новиот предлог-закон за Јавното обвинителство, државниот јавен обвинител да не поседува двојно државјанство.
- Меѓу пратениците на денешната Комисија се разви дебата за овој амандман, а го прифатија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но не и пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ.
- Пратеникот Сали Мурати од име на пратениците кои го имаат предложено овој амандман објасни дека со предложениот амандман се предвидува државниот јавен обвинител не смее да поседува државјанство на друга држава.