ОЈО: Отворен е предмет за можни неправилности во постапувањето на Центарот за социјални работи за случајот од Тафталиџе
- ОЈО Скопје, како што информираат од ЈОРМ, ќе преземе дејствија на проверки за да испита дали со овие неправилности се исполнети елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
- Оформен е предмет кој треба да истражи дали вработените во Меѓуопштинскио центар за социјални работи на град Скопје постапиле правилно во случајот - каде по серијата на семејно насилство Ивана и нејзината малолетна ќерка од Карпош ги загубија животите при пад од тераса.
- Јавното обвинителство на Република Северна Македонија формираше предмет по допрен глас по информациите објавени во медиумите за констатирани неправилности при извршениот инспекциски надзор во Центарот за социјални работи.