Нови информации за здравствената состојба на Ивица Дачиќ
- Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ е префрлен од интензивната нега во Петтото одделение на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, јавува „Блиц“.
- Истиот ден кога беше исклучен од вентилаторот, министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи е подобра отколку што била, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.