Над 40% од македонските граѓани имаат проблеми во спиењето, 70% користат телефон пред да заспијат
- Децата со конзистентни рутини пред спиење имаат подобар квалитет на сон Фокусот на Европското здружение за истражување на сонот годинава е ставен на промовирање здрави навики за спиење кај децата, имајќи предвид дека спиењето е основа за правилен раст, учење и емоционална благосостојба.
- Според резултатите од анкетата, 44,6 отсто од испитаниците би сакале повеќе информации или стручна поддршка за подобрување на квалитетот на спиењето, а речиси ист е процентот (42,2 отсто) на испитаници кои се изјасниле дека само понекогаш се чувствуваат одморено кога ќе се разбудат.
- Повеќе од 63 отсто од испитаниците се изјасниле дека спијат од 5-7 часа во текот на ноќта, 11,6 отсто спијат помалку од 5 часа, додека 22,8 отсто спијат од 7 до 9 часа.