Над 40% од граѓаните имаат проблеми во спиењето, а 70% заспиваат со телефон
- Децата со конзистентни рутини пред спиење имаат подобар квалитет на сон Фокусот на Европското здружение за истражување на сонот годинава е ставен на промовирање здрави навики за спиење кај децата, имајќи предвид дека спиењето е основа за правилен раст, учење и емоционална благосостојба.
- Според резултатите од анкетата, 44,6 отсто од испитаниците би сакале повеќе информации или стручна поддршка за подобрување на квалитетот на спиењето, а речиси ист е процентот (42,2 отсто) на испитаници кои се изјасниле дека само понекогаш се чувствуваат одморено кога ќе се разбудат.
- Иницијативата има за цел да ги охрабри сите индивидуи и здравствени работници да му дадат приоритет на здравјето на спиењето, а Универзитетската клиника за психијатрија се приклучи кон оваа иницијатива, преку едукација на граѓаните и нудење помош за подобрување на квалитетот на спиењето.