Мицотакис: Европа треба да биде подготвена да се справи со кризата со приоритет заштита на европските потрошувачи
- Како Европа треба да бидеме подготвени да се справиме со оваа криза, имајќи ја како приоритет заштита на европските потрошувачи, особено најранливите наши сограѓани, но и европските компании, за да не се наруши дополнително нивната конкурентност.
- Мицотакис посочи три забелешки, првата дека „оваа криза ја истакна потребата од вистинска активација на клаузулата за заемна помош на Европската унија (член 42, став 7)“, потсетувајќи дека Грција беше прва европска земја што ѝ помогна на Република Кипар по нападот, а потоа следеа и други европски држави.