Мицкоски на самитот на ЕПП: Зајакнување на партнерствата и улогата на Македонија
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, каде што се дискутираа клучни прашања за иднината на Европа.
- Денес имав чест да присуствувам на Самитот на ЕПП, каде што заедно со истакнати лидери и претставници од Европа се дискутираа клучни прашања за иднината на нашиот континент.
- Инаку, Мицкоски заедно со делегација од ВМРО-ДПМНЕ вчера присуствуваше и на свеченоста по повод 50-годишнината од формирањето на ЕПП.