Калас: Потребно е да се запре ескалацијата на Блискиот Исток и да се помогне на Украина
- Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека е неопходно да се запре ескалацијата на Блискиот Исток по иранските напади, истакнувајќи дека ЕУ паралелно работи на поддршка за Украина и на обезбедување безбедна пловидба низ Ормускиот Теснец.
- Време е да покажеме поддршка за Украина“, порача таа, додавајќи дека конфликтите на Блискиот Исток се поврзани со војната во Украина.