Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донираа 14 болнички кревети на болницата во Штип
- Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донираа 14 болнички кревети и 4 маси за инструменти за операциона сала на Клиничката болница во Штип, со што повторно се инвестира во поквалитетни и подобри услови за пациентите и за медицинскиот персонал.
- Се надеваме дека оваа донација на болнички кревети и маси за инструменти ќе придонесе за подобри услови за лекување и удобност на сите кои се хоспитализирани во овие одделенија.
- Поддршката на здравствените работници и зајакнувањето на локалните медицински институции останува една од нашите основни заложби – истакна Бранка Џајковска од Фондацијата д-р Верица Механџиска.