Зајакнувањето на жените значи зајакнување на целото општество
- Преку засилување на гласовите на младите жени како двигатели на промени, дијалогот има за цел да ги инспирира нивните лидерски амбиции, да ги поврзе реформите со процесот на зајакнување на жените и повторно да ги потврди заедничките заложби за родова еднаквост, правда и акција.
- Но, сите ние имаме заедничка обврска да обезбедиме негово доследно спроведување, за да можат сите жени и девојки да го остварат својот потенцијал и да бидат двигатели на општествените промени“, ова е заклучокот од настанот одржан денес во Скопје по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената.
- За Рита Колумбија, Постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, младите жени можат да водат трансформативни промени, да поттикнат иновации и да бидат јавни лидери во своите заедници и во општеството во целина.