За Деко знаел дека е газда на клубот и дека никогаш не му биле нудени писмени договори, сведочеше соработник на ДНК
- По прашањата за поранешниот тур-менаџер Денис Даутовски, кој соработувал со ДНК седум до осум години и бил близок пријател на Панчо, сведокот посочи дека Денис престанал да соработува со ДНК три до четири месеци пред трагедијата, бидејќи, како што рече, се преселил во Германија.
- Васко Спасовски, пиар и букинг менаџер на музичката група ДНК, денеска сведочеше пред Судот за пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани, тврдејќи дека од Денис Даутовски, поранешен тур-менаџер на бендот, дознал дека токму тој бил задолжен за активација на пиротехничките прскалки пред да замине за Германија, три до четири месеци пред трагедијата.
- Денис престана да соработува со ДНК три до четири месеци пред трагедијата, се пресели во Германија каде што доби работа според неговото образование.