Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање
- Светиот архијерејски синод го разреши досегашниот администратор и за нов епархиски архијереј на Австралиско-новозеландската епархија го избра Епископот Велички г. Никола (Трајковски), со титула Митрополит Австралиско-новозеландски и неговото назначување се смета од денот на изборот.
- Светиот синод особено внимание посвети на предлогот на митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозелански г. Петар да биде разрешен од должноста администратор австралиско-новозеландски и го усвои неговиот предлог за назначување нов митрополит на Австралиско-новозеландската епархија.
- Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) на денешната редовна седница во полн состав го разгледа предлогот на митрополитот г. Петар за негово разрешување од должноста администратор на Австралиско-новозеландската епархија и назначување нов епархиски архијереј.