ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС била соработник на УДБА, југословенската тајна служба!?
- Потпретседателката на групата на ЕПП, Романа Томц, исто така од Словенија, го формулира ставот на политичката група во коментар за ЕУ-лајв: – Сакаме Марта Кос да објасни зошто ги довела во заблуда членовите на Европскиот парламент за време на нејзиното сослушување во 2024 година.
- Сослушувањето на словенечката политичарка и дипломат од кариера, Марта Кос би можело да се одржи уште следната недела и ќе се фокусира на наводите дека ги довела во заблуда европратениците за време на нејзините сослушувања во 2024 година и дека има судир на интереси во водењето на досието за проширување на Западен Балкан.