Државјанин на Естонија во Кисела Вода неколупати силувал 14-годишно дете
- СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т. Т. од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”.
- Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник.
- Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.