Државен јавен обвинител да нема двојно државјанство: Прифатен амандман во предлог законот за јавното обвинителство
- Меѓу пратениците на денешната Комисија се разви дебата за овој амандман, а го прифатија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но не и пратеничката Весна Бендевска од ЗНАМ.
- Пратеникот Сали Мурати од име на пратениците кои го имаат предложено овој амандман објасни дека со предложениот амандман се предвидува државниот јавен обвинител не смее да поседува државјанство на друга држава.
- Пратениците на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците го прифатија амандманот во новиот Предлог закон за јавно обвинителство, државниот јавен обвинител да не поседува двојно државјанство.