Делегација на Партијата за движење на Турците беше во Истанбул на една година од апсењето на градоначалникот на градот, Екрем Имамоглу
- Партијата за движење на Турците ќе продолжи активно да придонесува кон зајакнување на демократскиот капацитет, билатералната соработка и развој на партнерствата меѓу локалните самоуправи меѓу двете земји.
- Во рамки на посетата, делегацијата оствари средби со вршителот на должност градоначалник на Истанбул, Нури Аслан, како и со градоначалникот на Анкара, Мансур Јаваш.
- На средбите беа разгледани можностите за унапредување и продлабочување на соработката меѓу општините од двете земји, со посебен акцент на размена на искуства и развој на заеднички проекти во повеќе области од заемен интерес.