Грчки системи „Патриот“ и авиони Ф-16 ќе ја штитат Бугарија по иранските ракетни напади во регионот
- Грција ќе обезбеди итна поддршка за противвоздушната одбрана на Бугарија преку распоредување на ракетна батерија „Патриот“ и ловци Ф-16 во пограничниот појас, соопштија денеска грчкиот министер за национална одбрана Никос Дендиас и неговиот бугарски колега Атанас Запрјанов.
- Грција ќе и пружи поддршка на Бугарија со средства за противвоздушна одбрана и персонал, кои ќе бидат распоредени во Северна Грција и ќе покриваат голем дел од бугарската територија - изјави Дендиас, додавајќи дека во наредните часови во пограничната зона ќе биде ставена во функција батерија „Патриот“.
- Грција ќе обезбеди итна поддршка за чување на бугарското небо, ќе распореди систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ловци Ф-16 во пограничниот појас, соопшти денеска грчкиот министер за национална одбрана Никос Дендиас по разговорот со неговиот бугарски колега Атанас Запрјанов.