Врховниот суд ја потврди казната од 13 години затвор за Васил Јованов
- Васил Јованов првостепено беше осуден во мај минатата година кога Основниот кривичен суд Скопје му одреди казна затвор од 12 години за прегазувањето на 22-годишната Фросина Кулакова.
- Врховниот суд го одби барањето за вонредно преиспитување на пресудата од 13 години затвор на Васил Јованов, кој лани на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје ја усмрти Фросина Кулакова.
- Јованов првично беше осуден на 12 години затвор, но Апелацискиот суд подоцна ја зголеми казната на 13 години.