Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство
- Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство”, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош.
- Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека официјално е отворен нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство.
- Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се открива јавно.