Во Кочани откриено спомен-обележје за Илчо Гоцевски, возачот на брзата помош кој спасуваше повредени од „Пулс“
- Почина во својот дом на 17 март во вечерните часови во сон, после бурната и исцрпувачка ноќ, после борбата да се спаси уште еден живот.
- Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64 – та жртва на пожарот во „Пулс“.
- Бистата на Илчо Гоцевски е подигната на иницијатива на неговите колеги од Итната медицинска помош, а на чело на иницијативниот одбор беше Љупчо Ѓоргиевски, сега член на Советот на Општина Кочани.