ВЛЕН: Инвестиции од над 5 милиони евра за развој на Струга
- Струга е еден од конкретните примери дека јавните инвестиции се претвораат во реални проекти кои ја зајакнуваат локалната економија и отвораат нови перспективи за развој, велат од коалицијата ВЛЕН.
- Развојот на секој град и подобрувањето на животот на граѓаните останува еден од главните приоритети на владините политики.
- Преку владините повици и преку Министерството за транспорт, за Општина Струга се обезбедени над 5 милиони евра, со кои се финансираат четири инфраструктурни проекти што директно ќе придонесат за развој на општината, подобрување на инфраструктурата и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните.