Алиу: Со новата опрема на ФЕИТ се унапредува заштитата на медицински лица од јонизирачко зрачење
- д-р Христина Спасевска, раководител на лабораторијата за радијациска физика при ФЕИТ, информираше дека во овој момент лабораторијата извршува дозиметриски мониторинг на 168 здравствени работници, а во постапка е ангажирањето на лабораторијата за уште 207 лица.
- Лабораторијата за радијациска физика е доопремена со нова опрема, добиена како грант од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која ќе овозможи поквалитетен дозиметриски мониторинг и проширување на бројот на медицински лица опфатени со оваа законска програма.
- Со новата опрема обезбедена од МААЕ ќе се овозможи мониторинг на околу 550 здравствени работници, со што лабораторијата се поставува како значаен фактор за радијациската бедбедност во медицината.