70 отсто од граѓаните во Македонија користат телефон пред да заспијат, а повеќе од 40 отсто имале проблеми со спиењето во последните три месеци, покажа анкетата на Клиниката за психијатрија
- Иницијативата има за цел да ги охрабри сите индивидуи и здравствени работници да му дадат приоритет на здравјето на спиењето, а Универзитетската клиника за психијатрија се приклучила кон оваа иницијатива, преку едукација на граѓаните и нудење помош за подобрување на квалитетот на спиењето.