Центарот за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
- Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response and Security Teams, глобална меѓународна мрежа на тимови за одговор на компјутерски безбедносни инциденти, информира Министерството за дигитална трансформација.