Илон Маск се спогоди со американските регулатори: ќе плати 1,5 милиони долари
- Американскиот милијардер Elon Musk постигна спогодба со американската Комисија за хартии од вредност (SEC) во долгогодишниот спор поврзан со купувањето на Твитер, денес познат како X. Според договорот, фонд поврзан со Маск ќе плати казна од 1,5 милиони долари, без притоа да признае вина за обвинувањата.