Шефот на ОН со песимистичка прогноза за крајот на војната во Украина
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека е „тешко да се биде оптимист“ во врска со завршувањето на војната во Украина, повикувајќи на итен и безусловен прекин на огнот.
- Во врска со изгледите за завршување на војната во Украина, Гутереш изјави: „Да бидам искрен, тешко е да се биде оптимист кога се соочувате со ситуација што трае веќе речиси пет години, и мислам дека е исто така важно да се каже оти нашата цел е итен и безусловен прекин на огнот“.