Чупиќ: Не можеше подобро – да ја освоиме титулата во дуел со најголемиот ривал
- Вардар е нов ракометен шампион на македонија а предводникот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ, по освојувањето на титулата во Суперлигата истакна дека успехот има уште поголема тежина бидејќи е остварен против најголемиот ривал и во одлична атмосфера пред домашната публика во „Јане Сандански“.
- Секогаш може подобро, но во ваква атмосфера во дуел со најголемиот ривал да ја освоиме титулата дека не можеше подобро да биде.