Холандските власти одобрија крузерот „Хондиус“ повторно да исплови по дезинфекцијата
- Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција.
- Во соопштението се додава дека за време на проверките, експертите за контрола на инфекции утврдиле дека бродот бил ефикасно исчистен и дека дезинфекцијата била извршена во согласност со утврдените упатства, објави „Стрејт тајмс“ .