ФФМ ГО СУСПЕНДИРАШЕ СТАДИОНОТ „БАШКИМИ“ Покрената е постапка за инцидентот во Куманово
- Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово по инцидентот на вчерашниот натпревар со Струга Трим Лум.
- Имено, додека делегатот и судиската екипа сè уште се наоѓале на теренот, настанал инцидент во кој биле нападнати играчи и претставници на гостинската екипа од страна на лица поврзани со домашниот клуб и редарската служба.