Тенерифе до полнолетство ќе се грижи за едногодишната ќерка на починатиот фудбалер
- Шпанскиот клуб Тенерифе ќе се грижи за ќерката на трагично починатиот Хесус де Мигел, ветувајќи финансиска поддршка за малата Карла сè до нејзиното полнолетство.
- Во период кога на малата Карла најмногу ќе ѝ недостига присуството на нејзиниот татко, Тенерифе одлучи да ѝ обезбеди финансиска сигурност и поддршка во текот на растењето, сè до нејзиниот 18-ти роденден.