Тежок пораз на Интер Мајами, Меси со топката удри противнички фудбалер в лице (ВИДЕО)
- Интер Мајами доживеа тежок пораз од 3:0 на домашен терен од Колумбус Кру, во првиот натпревар од плејоф-серијата во МЛС-лигата, а дуелот го одбележа и нервозната реакција на Лионел Меси.
- Аргентинската ѕвезда во финишот на првото полувреме, додека се подготвуваше да изведе аут, ја фрли топката директно во лицето на противничкиот фудбалер Гонзало Тапија, кој се обидуваше да го спречи брзото продолжување на играта.