СП2026: Иранските фудбалери сè уште без американски визи
- Иранските фудбалски репрезентативци, кои сè уште чекаат американски визи за Светското првенство, ги предадоа своите пасоши во Амбасадата на САД во Турција, објави денеска челникот на Иранската фудбалска федерација.
- Беше побарано да ги предадеме сите пасоши во Амбасадата на САД во Анкара, каде што во моментов се наоѓа иранскиот тим“, рече претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Таџ.