РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ поради ознаката за Македонија на мечот со Грција
- Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради спорното означување на македонската репрезентација за време на телевизискиот пренос од натпреварот во Халкида.
- Во преносот од дуелот меѓу Грција и Македонија, наместо вообичаената ознака за нашата селекција, била употребена кратенката „НМКD“, што предизвика реакција од македонската ракометна федерација.