Ројевиќ: Триумфот над Еурофарм Пелистер ни ја крева самодовербата пред пресметките со Целје
- ГРК Охрид сега се израмни со Еурофарм Пелистер на второто место на табелата со 42 бодови, осум помалку од лидерот Вардар 1961 на шест кола до крајот на сезоната .
- Тренерот на охридскиот прволигаш Борис Ројевиќ по дуелот упати честитки за атмосферата во салата Боро Чурлевски и наведе дека победата дополнително ќе влијае на самодовербата на неговите ракометари пред претстојните дуели против словенечки Цеље во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп.