Ристовски: Подготвени го дочекуваме Светското првенство во ракомет за ученици
- Сигурен сум дека во соработката со Ракометната федерација на Македонија и со Федерацијата за училишен спорт ќе го дочекаме овој настан подготвени и ќе ја претставиме државата на највисоко можно ниво, истакна Ристовски на прес-конференцијата во просториите на Ракометната Федерација на Македонија.
- Ова Светско првенство е голема чест за ракометот и спортот, но и за училишниот спорт и за младите деца.