Ракометните пионери триумфираа против Косово за прва победа на турнирот во Подгорица
- За македонските ракометари ова беше прва победа на овој турнир, откако во првото коло беа поразени од домаќинот Црна Гора.
- Македонската машка пионерска репрезентација (М16) забележа победа против селекцијата на Косово со резултат 35-33, во рамки на Регионалниот Челинџ Куп У16, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора.