РАКОМЕТАРИТЕ ОД ОХРИД ГО ПОБЕДИЈА ОЛИМПИЈАКОС ВО АТИНА Реваншот е за 6 дена на домашен терен
- Ракометарите на Охрид со предност од пет разлика си заминуваат од Атина, откако со 31-26 го совладаа домаќинот Олимпијакос, кој на натпреварот имаше играч плус – нивните навивачи кои 60 минути без прекин во еден глас ги бодреа „црвено-белите“.
- Од МИА Задоволство од победата, но и одличната игра, изразија тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ, капитенот Гоце Ојлески и голманот Кристијан Пилиповиќ, веднаш по завршувањето на првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп во Атина.