РАКОМЕТАРИТЕ НА ВАРДАР 1961 ПО РЕКОРДЕН 18. ПАТ ГО ОСВОИЈА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА Во неизвесно финале го совладаа дебитантот Охрид
- Вардар добро го отвори натпреварот во салата „Парк“ во Струмица и на средина од полувремето имаше предност од 8-4, но Охрид во продолжението ги консолидираше редовите и на полувреме замина со гол негатива (12-13).
- Ракометарите на Вардар 1961 по рекорден 18. пат го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во неизвесно финале во Струмица го совладаа дебитантот Охрид со 24-23.