ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот
- Во двата денешни натпревари од 24 коло во ПМФЛ, фудбалерите на Вардар неочекувано претрпеа пораз на гостински терен од Арсими со 1-0, а со идентичен резултат тетовска Шкендија извојува гостинска победа над Македонија ЃП и се израмни според бројот на бодови со скопскиот прволигаш на чело на табелата.
- Арсими на дуелот во Гостивар извојува победа со голот на Гони во 43 минута, додека Шкендија со погодокот на Красниќи во 53 минута ги освои трите бодови на гостувањето во Ѓорче Петров.
Извори
-
ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот
Извор: sportclub.mk
-
ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот
Извор: 24info.mk