Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животните средина
- Претходно демонстрантите ја запалија општината, како и влезната врата на Министерството за животна средина во центарот на Тирана, додека безбедносните сили употребија големи количини солзавец за да ја растераат толпата на плоштадот Скендербег.
- Осум лица добиле медицинска помош поради повреди здобиени за време на денешниот протест во Тирана, се наведува во прелиминарниот извештај на албанското Министерство за здравство и социјална заштита, јави албанската новинска агенција АТА.