Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа денеска повторно остана без струја
- Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, денеска повторно остана без надворешно снабдување со електрична енергија, поради што се активирани резервните дизел-генератори неопходни за ладење на нуклеарното гориво.
- Иако шесте реактори на нуклеарната централа не произведуваат електрична енергија, за одржување на нивната безбедност и ладењето на нуклеарното гориво потребно е постојано напојување.