Медалистите од ЕП Ананиев и Азизи имаа прием во Министерството за спорт
- Ристовски им го честиташе големиот успех на младите спортисти, кои се стипендисти на Министерството за спорт во рамки на Програмата за поддршка на млади таленти, истакнувајќи дека тие се иднината на македонското борење.
- Младите македонски борачи Абдулазиз Азизи и Лука Ананиев, предводени од своите тренери Јасин Реџалари, Мики Тодоров и Буњамин Ебипи, во силна европска конкуренција освоија бронзени медали во своите категории.