Купуваат онлајн, плаќаат на врата – половина од онлајн купувачите во Македонија користат само готовина
- Анализата на 263 испитаници кои купувале физички производи преку интернет покажува дека:● 50% плаќаат исклучиво во готовина при достава;● 37,2% користат и готовина и онлајн плаќање;● само 12,7% плаќаат исклучиво онлајн.
- Според Global Findex 2025, околу половина од онлајн купувачите во Северна Македонија користеле дигитално плаќање (50%), слично како во Србија (49,3%), додека во економиите со повисок среден доход овој удел достигнува 90,9%.